Формула 1 тимот Мекларен, објави дека бившиот светски шампион Фернандо Алонсо го напушта тимот, откако двете страни се договориле „договорна разделба“. Алонсо, кој на почетокот од 2007 дојде од Рено, имаше да одработи уште две години од договорот.

Во изјавата дадена денес (петок 2.11.) се вели дека одлуката е „во заемен интерес и најдобро би било двете страни да ја прекинат соработката“. Иако Алонсо победи во 4 трки од годинешново првенство, сепак во период од неколку месеци односите помеѓу Мекларен и Шпанецот беа крајно затегнати.

„Уште од дете сакав да возам за Мекларен. Но, ете работите во животот некогаш не излегуваат онака како што сакате.“ објасни 26. годишниот Алонсо. „Сеуште мислам дека Мекларен е врвен тим, но морам да признам дека никогаш не се чувствував пријатно во таа средина“ додаде тој.

„Веруваме дека заедничката одлука е во заемен интерес“ рече шефот на Мекларен Рон Денис. „Ќе се концентрираме на следната сезона 2008.“

Наскоро треба да биде објавено и кој ќе го пополни местото на Алонсо во Мекларен.

С.К.