Скршено ребро и внатрешно крварање се последиците од страотниот судир кој го имаше Фернандо Алонсо на првата трка од новата Формула 1 сезонава во Австралија.
Шпанецот поради овие повреди ќе ја пропушти втората трка сезонава која ќе се одржи викендов во Бахреин.
– Малку сум разочаран. Ја посакував таа трка бидејќи конкуренти сме сите за бодови. Кога ќе дојдете на местото на трката и ви соопштат одлука дека не можете, стварно е разочарувачки. Меѓутоа, ја разбирам и почитувам одлуката. И сепак, здравјето на секој пилот е многу поважно него авантурата и адреналинот кој го дава Ф1 болидот. – рече Алонсо.
Алонсо во Мекларен ќе го замени актуелниот првак во ГП2 серијата, Стофел Вандорн.
Ф1: ФИА му забрани на Алонсо да настапи во Бахреин
OhridNews