Експозитурите на АЛТА банка АД Битола од понеделник, 2 ноември 2026 година, привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување, соопшти банката преку својата Фејсбук страница.
Во известувањето се наведува дека, согласно одлуката на Народната банка, се воведени привремени заштитни мерки. За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички на банката.
Од АЛТА банка оценуваат дека мерките имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите. За дополнителните информации и промени најавуваат известување преку официјалните канали.
Во објавата не е прецизирано кога експозитурите повторно ќе започнат да работат со клиенти.
OhridNews











