Германската репрезентативка Ања Алтхаус заедно со останатите ракометарки на Вардар се вратија во колосек победувајќи го ривалот Лајпциг со 26-20 во Лигата на Шампиони.


– Среќна сум и горда на моите соиграчи, одигравме одличен натпревар посебно во одбраната. А посебно сум среќна за оние кои не подржуваа, постои можност за напредок во нашата игра, на повисоко ниво, што се надевам дека ќе го достигнеме во иднина. – рече пивотменот.

Задоволството од победата над германскиот противник не го криеше ниту Индира Кастратовиќ, која посакуваше триумф со повеќе од четири разлика.

– Сакам да им честитам и на моите девојки кои што одиграа одличен натпревар во дефанзивата, но од играта во нападот не сум баш задоволна. Суслина беше одлична на голот, но истотака морам да ја спомнам и нивната голманка којашто беше одлична, двете имаа свој ден. Имаме уште многу да работиме, и секако да се фокусираме на следниот многу важен дуел против Крим. – потенцираше Индира.

На два натпревари од крајот на групната фаза „црвено црните“ наоѓаат на четвртата позиција, која е последна што води во завршницата.

Ohridnews