Натпреварот против Норвешка беше последниот за сега веќе легендарните крила Стевчо Алушески и Алекснадар Јовиќ.

– Поминаа 17 годни во кои имаше и  убави и лошо момнети, овие момци ја задолжија нацијата и заслужуваат да бидат поздравени. Мене ми беше чест и задовлоство што во сите овие изминати години го носев дресот со македонскиот грб. Имам една порака за младите ракометари никогаш да не ги одбиваат поканите за националниот состав – изјави Алушески по завршувањето на мечот.

Александар Јовиќ заминува во легендите но смета дека македоснкиот ракомет има светла иднина.

– По 15 години репрезентативна кариера во националниот дрес, се одлучив да ставам крај на настапите, среќен сум што се простувам со победа. Идниниата на македонскиот ракомет е светла, но мора многу повеќе  младите да добиват шанса и внимание.

М.П.