Ветеранот во македонскиот состав Стевче Алушевски одигра една од клучните улоги во големиот триумф над Полска. Популарниот “Аљуш“ постигна четири гола од шест обиди.

– Вложивме натчовечки напори за да го добиеме овој меч.  Беше тежок натпревар за нас посебно од психолошки аспект , бидејќи по поразот од Данска едноставно не знаевме каде се наоѓаме и бевме изгубени. Сепак успеавме да се соземеме и да победиме благодарение на големото македонско срце – рече Алушевски, кој со 40 години е еден од највозрасните играчи на шампионатот.

М.П.