Македонија според моментниот рејтинг е фаворит на овие квалификации – вели левото крило Стевче Алушовски во изјава за “Нова Македонија“.

На турнирот, покрај Македонија и домаќинот Шведска, ќе настапат уште и
Унгарија и Бразил, а првите две селекции обезбедуваат пласман на ЛОИ во
Лондон годинава.

– На ЕП бевме петти, што е подобар пласман од двете преостанати европски селекции во групата. Тоа многу добро го знаат и Шведска, Унгарија и Бразил. Според мене, еден од клучните моменти, но не и решавачки, секако ќе биде првиот меч против Унгарија, иако сите три средби се еднакво значајни и тешки – потенцираше Алушовски.

Македонија првиот меч против Унгарија ќе го игра на 6 април, со почеток
во 14.45 часот, а во истиот термин ќе биде и третиот дуел против Бразил
на 8 април. Против домаќинот играме на 7 април во 16 часот.

Ohridnews