Двократниот европски првак Вардар на гостински терен против екипата на Мешков Брест ќе ги започне натпреварите во новата сезона од Лигата на Шампиони. Составот на Вардар е изменет, но целите и очекувањата  во новата европска авантура се добри резултати во групата и пласман во топ 8.

Дуелот со Мешков Брест е прв од низата што не очекуваат во Лигата на шампионите. Тоа што досега го одработивме беше една подготовка токму за овој меч. Имавме големи проблеми, посебно во офанзивниот дел. Мешков Брест е наш стар познаник и сериозен противник во ЛШ. Со доаѓањето на Скубе тие добија квалитет плус. Ја имаат благата фаворитска улога поради домашниот терен. Јас очекувам да го подигнеме нивото на играта во напад. Знаеме кои се нивните слаби страни. Ќе дадеме максимум и се надевам тоа ќе биде доволно за поволен резултат во Белорусија. – изјави стратегот на Вардар, Стефче Алушовски.

Вардар ќе биде комплетен откако капитенот Столе Стоилов се опорави од коронавирусот, а другите ракометари тренираа под полна пареа изминатиов период. Натпреварот се игра в среда со почеток во 18:45 часот.

OhridNews