Долгогодишниот репрезентативец и незаменлив играч на левата крилна позиција, Стефче Алушовски по завршување на сезоната ќе се повлече од ракометот.

Тој за Металург против Вардар ПРО го одигра последниот натпревар на клубски план, но официјалното повлекување ќе го направи по настапите за македонската репрезентација во клафикациите за ЕП во Данска.

Алушовски беше дел од неколку генерации кои носеа и тоа какви успеси за македонскиот ракомет. Во својата клубска кариера настапуваше за трите македонски ракометни брендови Пелистер, Вардар и Металург.

Мх.П.