Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник успешно го започна учеството на 47-от Меѓународен ракометен турнир во Струга совладувајќи го српски Пролетер Зрењанин со 35-22 (17-11). „Фармацевтите“ делуваа моќно и сигурно од почетокот од крајот на натпреварот и утре со домаќинот Струга ќе разигруваат за првата позиција во групата.

Задоволен сум од победата, но не и начинот на играта посебно во одбраната. Нападот функционираше добро, додека одбраната не беше на посакуваното ниво. Добро е што ова се подготвителни натпревари и има уште простор за работа. Не бегаме од фаворитската улога на турнирот во Струга и ќе ни биде драго ако успееме да победиме. Потоа не очекува уште еден турнир и мислам дека ќе бидеме максимално подготвени за предизвиците кои не очекуваат сезонава. – изјави предводнокот на Еурофарм Работник, Стефче Алушовски.

 

Нападот на Еурофарм Работник го преводеа Ловро Јотиќ со 8 голови и Милан Ѓукиќ кој постигна еден помалку. Ѓукиќ сигурен е во уште поголем напредок на екиата во период кој преостанува до почетокот на новата сезона.

Тешки ни се рацете и нозете и евидентен е заморот од подготовките низ кои минуваме. Имаше добро моменти имаше и лоши секако. Сигурен сум дека добрите ќе ги задржиме а лошите ќе ги сведеме на минимум и ќе биде екипа за респект. – истакна десното крило Ѓукиќ.

OhridNews

 

Струга 2019: Рутински триумф на Еурофарм Работник