Амак СП – Пелистер ќе играат во финалето на куп завршницата во Охрид. Амак СП во тензичен и нервозен натпревар го совлада бранителот на трофејот Фени со 84-76.


Големата желба, добрата игра во одбрана како и стрпливиот напад беа добитната варијанта за “езерџиите“. Ефтим Богоев со 20 поени го предводеше охридскиот тим до големата победа. Дури шест кошаркари мечот го завршија со двоцифрен број на поени. Агоч постигна 17, Гамбирожа 14,  Д.Стојановски 12, Чубрило 11 и Фрај 10.

Кавадрачани го имаа најпрецизниот на теренот Браун кој постигна 25 поени.  

Финалето утре започнува во 20 часот.

М.П