До сега, повеќе од пет илјади граѓани ја потпишале петицијата на граѓанската иницијатива АМАН. Изминатиов период, таа претставува единствената надеж на луѓето во земјава, која  се залага за измени во Законот за енергетика.


постер за протестите, кои изминативе седмици се случија во Скопје

Барањето  да се  врати дневната ефтина тарифа на струјата, е една од главните одредби за кои се бори ова граѓанско движење. Потребни се десет илјади потписи, како иницијативата би влегла во собраниска процедура. Од АМАН се надеваат дека што поскоро ќе бидат собрани потребните потписи, се со цел да се измени Законот.

OhridNews