Францускиот чувар на мрежата Амандин Лејно дресот на Вардар ќе го замени со оној од Ѓер, откако двете странија договорија соработка која ќе започне следната сезона. Лејно со унгарскиот шампион потпиша договор на една година со опција за продолжување на уште една.

– Овој клуб ми значи многу, бидејќи е најдобар во ракометната историја. Секој сонува да настапувa покрај вакви соиграчи. Ми се укажа голема шанса и среќна сум што ќе бидам дел од Ѓер. – изјави Лејно.

Французинката официјално е трета ракометарка која ќе се збогува од „црвено црниот“ дрес. Претходно, повлекување од ракометот најави Андреа Пенезиќ, а Александра Лакребре се враќа во родната Франција.

Женскиот ракометен клуб Вардар кој последниве сезони е редовен учесник на завршниот турнир во Лигата на Шампиони ќе го смени курсот и од следната сезона ќе се натпреварува со ракометарки од својот погон, што значи дека заминувањата од „Јане Сандански“ ќе продолжат.

OhridNews