Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Н.Р. Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

На средбата беше разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред се во делот на туризмот, економијата и културата. Градоначалникот Пецаков ја информираше амбасадорката дека од година во година се зголемува бројот на туристи кои го посетуваат Охрид и изрази надеж дека ваквата тенденција ќе продолжи и во иднина и дека бројот на туристи од Кина исто така ќе биде зголемен, информираат од Општина Охрид.

Соговорниците, велат, ја потенцираа и важноста на културната размена и можноста за гостување на уметници од Кина на фестивалот „Охридско лето“.

OhridNews