Амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Веронике Хулман Марти во посетата на Охрид. Заедно со градоначалникот Кирил Пецаков, директорката на Центарот за развој на Југозападен плански регион Мирјана Лозаноска и претставникот на Советот за развој на Југозападен плански регион, ја посетија ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, информираат од Општина Охрид.
Директорот д-р Ацо Велески им го претстави базенот за физикална терапија, кој ЈЗПР во соработка со Општина Охрид во рамки на програмата за „Одржлив инклузивен рамномерен регинален развој“ го релизираа преку Минитерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Градоначалникот Кирил Пецаков, изрази благодарност и задоволство за досегашната соработка со Швајцарската амбасада и Агенцијата за развој и соработка.
Тој ги истакна проектите кои се реализираат со нивна соработка и потенцираше дека Општина Охрид подготвува нови проекти со кои ќе учествува на наредните повици за кои се надева дека повторно ќе бидат поддржани.
Амбасадорката истакна дека до сега е задоволна од соработката и исполнителноста во реализацијата на проектите кои се одвиваат преку Центарот за развој на Југозападен плански регион и Општина Охрид. Таа потенцираше дека Охрид е високо во нивната агенда и дека во иднина се надева на повторна соработка во реализација на големи проекти кои се од интерес за градот.
OhridNews














