Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва.

Двете страни разменија мислења околу идните чествувања посветени на Светите браќа Кирил и Методи со можност чешки уметници да настапуваат во културниот дел на празнувањата во Охрид. На средбата стана збор и за истражувачки проект кој заедно го реализираат македонски и чешки студенти по археологија, а се разгледаа и можностите тие да добијат логистичка поддршка од Општината за истражувањата кои ќе бидат наредната година во Охрид, велат.

OhridNews











