Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денес ќе престојува во општина Охрид, како дел од акцијата за доближување на ЕУ и процесот на приклучување на државата до локалното население.

Рокас ќе ја започне посетата со средба со градоначалникот Кирил Пецаков, а во рамки на посетата на Општина Охрид, ќе оствари средба и со претседателот на Советот, Перчо Божиновски и членовите на Советот на Општина Охрид.

Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје за време на средбите ќе се истакнат придобивките од пристапувањето кон ЕУ како и конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот.

Амбасадорот Рокас предвидено е да ја посети и Планинарската спасувачка служба во Охрид, проект поддржан во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Албанија и Северна Македонија, додека во текот на утрешиот ден ќе ја посети општина Струга.

OhridNews