Раководството на ЈП Колекторски систем во текот на вчерашниот ден остварисредба со Шпанскиот Амбасадор во земјата, неговата Екселенција Хозе Луис Лозано Гарсија, придружуван од  Роберто Руиз, економски и трговски советник во Амбасадата како и Хуан Хименез, пазарен аналитичар.

 

На средбата било разговарано за тековната состојба во претпријатието, досегашните преземени активности од  страна на ЈП Колекторски систем како и за идните планови.

Исто така се разговарало и за апликација на јавното претпријатие од минатата година по објавениот конкурс од шпанското министерство за трговија и туризам преку Шпанската амбасада во Софија за доделување на грантовски средства, информираат од претпријатието.

Во рамки на средбата заеднички била извршена и посета на пречистителната станица во Ложани.

OhridNews