Женската фудбалска репрезентација на Америка ја освои титулата на Мундијалот во Канада победувајќи ја селекцијата на Јапонија во финалето со 5-2.


Американките во почетните 15-тина минути го нокаутираа противникот постигнувајќи четири погодоци. Три од четирите голови постигна Карли Лојд, која и ја одведе Америка до финалето.

Со триумфот во финалето американките им се реваншираа на јапонките за поразот во финалниот дуел од минатиот Мундијал во Германија по изведувањето на пеналите.

Селекцијата на Америка е прва во женскиот фудбал која стигнува до три светски титули. Двете претходни го освои во минатиот век.

Ohridnews