Симпатичната Кесиди Кук која ги бранеше боите на САД на последните Летни Олимписки игри во Рио де Жанерио во скокови во базен е најнова жртва на хакерски напад.

За сега непознати сторители и го пробиле приватниот телефон на 22-годишната Американка, а сликите со компромитирачка содржина осамнаа на интернет сајтовите за возрасни.

Кук не е прва спортистка која е жртва на хакерите кои ги пробиваат приватните телефони и сликите ги распростануваат на интернет. Претходно, цел на напад беа телефоните на скијачката Линдзи Вон, ракометарката Нора Морк и италијанската новинарка и водителка Дилета Леота.

OhridNews