Уникатно сценско доживување приреди вчеравечер на 63-тото „Охридско лето“ славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович.
Две и пол илјадната публика на Античкиот театар во Охрид уживаше во неговата брилијантна ексцентричност, но и целосната чистина преку неговиот настап во „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” “, која е возбудливо дело на театарот, напишана и режирана од Михаел Штурмингер. Солисти на вечерта беа сопраните Чен Реис и Сузан Лангбејн, во придружба на Оркестарот на Виенска Академија и под диригентство на маестро Мартин Хазелбoк.
Оваа претстава ја сакам како што ја претставивме бидејќи ги поврзува и театарот, и класиката, и глумата, а претставува нешто иновативно што ја привлекува публиката, рече познатиот актер Џон Малкович кој првпат настапува во земјава, токму на фестивалот „Охридско лето“.

Изразувам благодарност до Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за култура за оваа исклучителна можност да уживаме во проект со светски познатиот Џон Малкович кој ќе остане запишан во фестивалската историја меѓу најславните уметници. „Охридско лето“ преку извонредното сценско доживување вечерва ќе понуди уникатност, совршенство и магичен амбиент, рече Поповиќ.

Низ годините наназад, на сцените на „Охридско лето“ сме ги прикажале најголемите културни богатства, вклучувајќи ги госпел и џез музиката, преку настапите на џез легендите како Артуро Сандовал, класичниот виолинист и виртуоз Шломо Минц, и многу други. Тие можеби донеле американска музика во Охрид, но излегле со балкански песни во своите срца, кажа заменик-амбасадорот на САД, Мејер.

OhridNews


















