„Знаеме дека властите водат истрага за инцидентите и трагаат по извршителите на овие брутални акти. Ги поддржуваме напорите на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за водење на истрага и спроведување на законските процедури. Се придружуваме кон нејзината осуда на инцидентите и кон коментарот дека етничката припадност на жртвите е ирелевантна за законскиот процес, стои во соопштението
Притоа е упатен повик до засегнати страни да останат смирени, да причекаат фактите за случаите да станат познати и да овозможат да се спроведе законски процес.
„Свесни сме за насилните инциденти што се случија минатата ноќ во кои повеќе младинци беа повредени. Сочуствуваме и упатуваме желби за брзо закрепнување на повредените и на нивните семејства“, се вели во соопштенито.
извор: „Макфакс“