Џејлен Хокинс е новото засилување на ГКК Охрид за претстојната натпреварувачка сезона 2025/2026.

Откако во изминативе дена беше постигнат договор измеѓу клубот и американскиот бек Џејлен, тој е и официјално нов играч во редовите на Охрид. Џејлен наскоро пристигнува во нашиот град и по завршувањето на задолжителните медицински прегледи, тој веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот и ќе започне со подготовките со тимот, информираат од ГКК Охрид.

Очекувањата од клубот се неговиот карактер, борбеност и талент да ја раздвижат атмосферата во тимот и да донесат нова сила за претстојните предизвици.

OhridNews