Тимот составен од американски ѕвезди беше подобар од екипата од останатите млади ѕвезди кои доаѓаат од целиот свет. „Домаќините“ славеа со 161-144, а МВП награда замина во рацете на Кајл Кузма од победничкиот состав кој постигна 35 поени, а додаде уште шест скокови и пет асистенции.

 

Натпреварот на ѕвездите во подем е најава на возбудувањата на Ол стар викендот кој оваа година се одржува во Шарлот. Недела рано наутро на програмата се забивањата, тројките и вештините со топка, а мечот на најголемите НБА ѕвезди е понеделник рано наутро.

Џеди Осман кој настапи со македонското знаме на своите патики заврши со скор од 2 поени, 3 скокови и 9 асистенции, додека Лука Дончиќ финишира со 13 кошеви, 5 скокови и 9 асистенции.

OhridNews