На 20, 21 и 22.11.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро преземале зајакнати мерки и активности во врска со кривично дело „незаконит риболов“ и извршиле повеќе патролни служби во водите на Охридското Езеро.
Притоа, на подрачјето во с.Пештани пронајдени се вкупно 18 рибарски мрежи со вкупна должина од околу 900 метри со вкупен улов од 797 парчиња риба Охридска белвица со тежина од 78 килограми и 77 парчиња риба Грунец со тежина од 4,150 килограми, информираат од МВР.
Посочуваат дека известен е надлежниот инспектор за рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, по што запленетиот улов на риба е предаден во КПУ Затвор Охрид.
OhridNews
фото. Архива












