Резервниот голман на Чапекоенсе, Џексон Фолман ја преживеа авионската несреќа во која погинаа голем дел од фудбалерите, стручниот штаб и техничкиот персонал во клубот.
24-годишниот голман, во болницата во Меделин стигна во тешка здраствена состојба, а докторите во борбата за неговиот живот мораа да му ја ампутираат едната нога.
– Вистинско чудо е како преживеа. Колку пати ќе слушнете дека некој преживеал авионска несреќа ? Господ сакаше така, тој да се извлече жив. – рече таткото на Џексон, Пол Фолман по пристигнувањето во Меделин, каде се сруши авионот.
И првиот избор на голот, Данило ја преживеа несреќата, но почина во болницата, откако му подлегна на тешките повреди.
Фото: Отидоа по трофејот, стигнаа во рајот
Несреќата на Чапекоенсе го сплоти бразилскиот народ
Срцепарателно: Сета тага и болка во една фотографија
OhridNews