Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, забавено по влажни и лизгави коловози поради врнежи од снег. Остатоците од снег на коловозот има и на планинските превои и повисоките места. Според АМСМ, забрана за движење на тешките товарни возила, има на планинските превои Стража и Маврово.

На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодување на брзината на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Особена внимателност е потребна низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата од одрони и лизгања на земјиште. Ова особено се однесува за патните правци Маврово – Дебар и Катланово – Велес.

OhridNews