Сообраќајот на сите патишта во Република Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози, соопшти АМСМ.
Оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Демир Капија–Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15 ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.
OhridNews