На планинските превои Стража, Делчево и Смојмирово провејува слаб снег кој не се задржува на коловозот. Патниот правец Смрдлива вода – Кожув се уште е непрооден, но интезивно се работи за расчистување на снегот.
На возачите им се препорачува внимателно возење и прилагодена брзина на движење по влажните и лизгавите коловози. Крајна внимателност низ клусурите и планинските превои поради честата појава на поситни одрони. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, а на граничните премини нема подолги чекања за влез и излез од државата.