Поранешниот американски велосипедист Ленс Армстронг и сопственикот на неговите клубови Tailwind Sports се прогласени за виновни во судскиот спорт со компанијата SCA Promotions и поради тоа ќе мора да платат 10 милиони долари.


Судскиот спор пред Судот во Тексас го покрена компанијата SCA, која на Армстронг во 2006 година за седумте освоени титули на „Тур Д’Франс“ му уплатила награда од 7,5 милиони долари.

Раководстовото тврдеше дека Армстронг криел дека употребувал забранети сусптанци поради што подоцна доби доживотна суспензија и му беа одземени сите освоени титули.

Судот во Тексас го прогласи за виновен за измама, заговор и лажно сведочење.

„Макфакс“