Повлекувањето на една од најубавите тенисерки, Ана Ивановиќ тешко го поднесе Новак Ѓоковиќ. Популарниот „Ноле“ и Ивановиќ се добри пријатели, а во минатото го делеа и теренот, тренирајќи заедно.


– Многу емотивно го претрпев повлекувањето на Ана и нејзиното јавување во живо. Јас и таа се познаваме од пет години и многу работи поминавме заедно. Подоцна во ноќта си разменивме неколку пораки, јас и честитав за брилијатната кариера и се расплакав. Можам само да замислам колку емоции морала да потисне за да донесе таква одлука. Многу е тешко да пресечиш и да донесе одлука после целиот живот посветен на тенисот. Минатата година таа се омажи и нормално беше да формира фамилија, а со играње на тенис на високо ниво, реално тоа не е возможно. Таа е инзвондредна личност и заслужува се најдобро. – изјави Ѓоковиќ за српските медиуми.

Во текот на кариерата Ивановиќ освои една титула од Гренд слем турнири (Ролан Гарос 2004г.), а минатата година судбоносното да го кажа со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бастијан Швајнштајгер.

Женскиот тенис останаа без својот главен репрезент

OhridNews