Една од најубавите жени во спортот во светот, Ана Ивановиќ со необична објава на социјалните мрежи ја потврди бременоста и ги стопираше шпекулациите.

Ивановиќ во брак е со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер кој исто така се пофали на социјалните мрежи за радосната вест.

Ивановиќ и Швајнштајгер минатата година имаа романтична свадбена церомонија во Венеција. Србинката се повлече од активното играње тенис токму поради зголемувањето на семејството кое и беше приоритет.

OhridNews