Ана Стојановска забележа најдобар успех од охридските тенисери искачувајќи се на второто место на пиедесталот на турнирот кој се одржа во машка и женска конкуренција во Скопје во организацијата на клубот Тенис Парк.

Стојановска во финалето се предаде по три одигра гема поради повредата добиена во исцрпувачкото полуфинале со Лара Димовска кое траеше три часови.

Мина Петреска мечевите на турнирот ги заврши во 1/4 финалето претрпувајќи пораз токму од Димовска, а Матеа Бимбилоска изгуби во 1/8 финалето од Илина Тодоровска.

Павел Стевковски во машка конкуренција финишираше во 1/4 финалето претпрувајќи пораз од Филип Стојаноски кој подоцна го освои турнирот.

Младите охридски тенисери од сезонава настапуваа ранг погоре односно во повозрасна категорија што нуди поквалитетни противници и натпревари.

OhridNews