Екипата на Анадолу Ефес ги комплетираше четирите екипи учесници на завршниот турнир во Евролигата. Кошаркарите на Анадолу Ефес во „мајсторката“ ја совладаа Барселона со 80-71 и обезбедија прво учество помеѓу најдобрите екипи, откако шампионатот се игра во нов формат.
Претходно, билетот за учество на завршниот турнир го заверија Фенербахче кој елиминираше Жалгирис, ЦСКА Москва беше подобра Басконија и Реал Мадрид кој го совлада Панатинаикос.
Во полуфиналето на Ф4 турнирот кој ќе се одржи во шпанскиот град Виторија силите ќе ги одмерат Фенербахче – Анадолу Ефес односно Реал Мадрид – ЦСКА Москва. Полуфиналињата се играат на 17 мај, а финалето два денови подоцна.
Титулата ќе ја брани Реал Мадрид, кој вооедно е и најтрофеен клуб со 10 титули.
OhridNews