Станува ли Битола и салата Младост “баук“ за охридскиот АМАК СП. Со пораз го завршија првиот дел, со пораз го започнаа вториот дел од  шампионатот и тоа на истото место, градот на конзулите. Дали не ја научија минатогодишната лекција oхриѓани кога низ клубот поминаа еден куп странци а ефектот беше очаен.

Вообичаено најдобар, но осамен во нападот на сино-белите беше Џарид Фрај (34п, 10ск ) но крајниот исход беше 95-87 за домашните.

Стартот на вториот дел го докажа само она што сите го знаеме. Дека секој секого може да победи. Според очекувањата најлесно во првото коло мина лидерот Фени Инд. кој им покажаа на “соколите“ дека секој резултат освен тежок дебакл ќе биде премија за нив. “Соколи“ во последниот период постигнаа само 4 поени во неверојатниот пораз 58:126. Што е многу многу е. Да е иронијата поголема најдобриот стрлец на мечот е играчот на Соколите Георгиевски со 21п. Добро за Соколите е тоа што нема испаѓање од шампионатот, па догодина со проширувањето на лигата ќе може да се надеваат дека ќе победат некого.

Скопската пресметка со доста пресврти само благодарение на Вардарци им припадна на дечките од “Градскиот Парк“. Она што не му успеа на Блажески во самиот финиш  му успеа на Мираковски (25п, 3с, 3 асс) и со “сигурни“ два не дозволи изненадување. 80-83 за Работнички.

Марјан Лазовски ја пренесе победничката формула од Вардар О. барем кога се во прашање натпреварите со Струмица. За него ова е петти последователен триумф во мечевите со Струмица. Лазовски нацрта, а Тачи реализираше за победа на МЗТ ФОН кај струмичани кои не ни сонуваа ваков старт. Прокоцкаа домашните “недостижно“ водство од плус 19 (77:58). Серијата 25-3 им даде шанса на “штрковите“ кои ја искористија преку Тачи (27п, 8ск, 5ас) кој со звукот на сирената погоди за три и гостински тримумф 98-95.

Најпрецизен по ова прво коло од вториот дел е “охриѓанецот“ Џарид Фрај со 34 постигнати поени. На топ пет листата на стрелци друштво на Фрај му прават Латовиќ 29п (Струмица), Тачи 27 (Мзт Фон), Мираковски 25 (Работнички) а списокот завршува со Станковиќ (Пелистер) 22п.

Вo категоријата најдобри скокачи со по 12 скока изедначени се Хелд (Пелистер) и О Нил (АМАК СП)Додавачите застанаа на котата 7. По седум успешни додавања имаа Тасовски (Струмица) и Самарџиев (Фени Инд.)

МВП наградата за најкорисен играч оди во Аеродром кај Мухамед Тачи (27п, 1/5 за три, 9/11 за два, 6/9 од линијата за слободни, 8 скока, 5 асс).

[email protected]