Охридските угостители го користат интернетот и социјалните мрежи за своја промоција пред гостите, но не ја истакнуваат својата особеност, по што тој објект се разликува од другите, со што ќе ги натераат потенцијалните туристи да дојдат и го посетат .Ова се дел од заклучоците по извршената анализа што ја изработија Проф.Др Ангела Василеска од Факултетот за туризам и угостителство и студентот Тони Павловски, за тоа како охридските угостители ги користат електронските медиуми и социјалните мрежи.
Добиените податоци говорат дека на интернет страниците на угостителите, од кои 60% ги имаат, нема никакви податоци за храната освен тоа дека се подготвуваат и служат национални и интернационални јадења, при тоа не наведувајќи кои јадења се служат. Во однос на цените на услугите само неколку објекти имале поставено ценовник, но само цени за сместувањето во собите. Само 1% од угостителските објекти на своите интернет страници им даваат можност на посетителите на нивната веб страна да дадат свој коментар за објектот, за храната, услугата, додека кај останатите 99% тоа го нема.
Извршената анализа покажува дека голем процент од 80% од угостителските објекти имаат свои фанови на социјалните мрежи,но речиси и да нема некој угостителски објект кој на социјалните мрежи имаат постојани контакти со своите фанови. Изостануваат чести ажурирања на статусите од типот на ,,Добро утро почитувани, повелете на утринско кафе… или Добар ден, денес на мени за ручек имаме тоа и тоа, приготвено на таков и таков начин и по таа цена. Голем број од угостителските објекти последното ажурирање го извршиле пред три години.
– Живееме во ера каде електронските медиуми, и социјалните мрежи се дел од секој сегмент од општествениот живот. Тие имаат и огромно влијание и во областа на туризмот и угостителството во светски рамки. Може да се каже и дека не постои угостителски објект, туристички места, локалитети кои не можеме да ги најдеме на интернет, и да собереме доволно информации за нив, со што ние потенцијалните туристи би се заинтересирале да го посетиме тоа туристичко место.Целта на оваа анализа беше да видиме колку охридските угостители ги искористуваат овие механизми за промоција на сопствените објекти и локали, а со тоа и на промоција на Охрид, велат изработувачите на анализата, професор Василеска и Павловски.
Тие со заклучок дека охридските угостители треба многу да работат на ова поле. Со совет до угостителите- повеќе да ги искористат интернетот како докажана алатка на успех, електронските медиуми и социјалните мрежи, бидејќи со тоа не губат, а добиваат многу.
OhridNews