Во исчекување од возбудувањата во националниот куп, помина “најдолгото“ осмо коло од втората фаза во кошаркаското првенство. Војдан Стојаноски и 50 – ка на Струмичани во Јане Сандански ја одбележаа осмата рунда.

Втор натпревар по ред како В. Стојаноски го завршува со 30 + поени. На мечот со Вардар броеше до 32, додека против Пелистер застана на 30. Помогнат од рековалесцентот Вегов беа нерешлива енигма за „чкембарите“.

Добро започнаа, но колата ја фати удолницата. “Студентите “ на МЗТ ФОН , се бледа сенка од тимот на стартот на вториот дел. Со камата, и тоа дебела, им се реваншира струмичани за поразот на стартот на втората фаза. Невројатни 85-135 беше конечниот резултат, што со други зборови значи најголем пораз во историјата на клубот.

Само “де факто“ се уште Вардар О има шанси да остане во трка за шестото место кое води во разигрувањето. Полека се консолидираше и Работнички па до крајот на втората фаза ќе биде возбудлива борбата за третата позиција. Во неа на 5 кола пред крајот со бод предност пред Работнички ќе влезат АМАК  СП и Пелистер.