Примарната цел ,пласмнот во главната фаза од натпреварувањето е остварен.Со две победи и два порази се “мушнавме“ во втората фаза .

На самиот старт на првенството Вујовик не вети медал но вети “оставање на срцето на паркетот“,токму главна одлика во описот на оваа селекција е пожртвуваноста и борбеноста .На стартот реализиравме сигурни два совладувајки го дебитантот на светсктие првенства Ангола.Рекродна победа во првиот ден ,но селекторот беше тој кој беше најнезадоволниот од високата победа во која направивме еден куп грешки ,напоменувајки дека таквите грешки на натпревари со посериозни репрезентации ке бидат кобни .

 Првиот сериозен тест за можностите  на оваа селекција беше мечот со Шведска.Охриѓани го направија своето и ја исполнија салата до последното место дишејки заедно со јуниорите. Црвено – жолтие не возвратија со победа, но возвратија со борбеност  до последниот свиреж на слабата белоруската судиска двојка ,лошата реализација на ударите од 7 метри 2 од 6 ,на крајот сепак одлучи и го даде конечниот победник .

Разочарувањето од поразот со Шведска беше евидентно ,не успеавме да ги наполниме батериите за натпреварот кој следеше против Португалија ,која на стартот киксираше со Кувајт и немаше право на грешка .Сепак голем се покажа товарот за плеќите на црвено – жолтите и доживеавме еден условно казжано “дозволен“ пораз.Заморот и желбата на нашите беа во расчекор,расположениот гостински голман и безбројните технички грешки беа кобни за поразот

На крајот калкулиравме да загубиме со разлика до два гола и со минимална победа над Кувајт да можеме да обезбедиме  пласман во наредната фаза – рече по тој меч Вујовик. Евентуалниот неуспех, не проаѓање на првата фаза ке биде мој личен несупех, додаде тој.

Со предзнак „натпревар кој мора да се добие“  беше тој против Кувајт. Било каква победа не водеше во натамошната фаза.Во грч почнавме, а до самиот крај беше неизвесно, се повторија истите аномалии во нашата игра, големиот број технички грешки,нереализацијата на пеналите. Благодарение на концентрацијата во финишот успеавме да стигнеме до посакуваната победа кој не само што не одведе во наредната фаза него во натпреварувањето во групите ке пренесеме и два бода .

Зацртана цел, е влезот во топ 10 репрезентации. Деветото место пред стартот беше најавувано како место кое би ги задоволило нашите апетити,можат ли нешто повеќе ќе покажат натпреварите во групата .

Првиот натпревар го играме против Германија која како и Шведска е еден од фаворитите за освојување на шампионатот.Натпревар на кој нема што да се изгуби знаејќи ја силината на Германците.Дали ќе се чуваат силите или ке се обидеме да ја изненадиме Германија ? Одговорот на ова прашање  ке го дознаеме вечерва по 22 часот .

Вториот натпревар во групата го играме против селкцијата на Египет која заедно со селекцијата на Кувајт преставува едно од најпријатните изненадувања на шампионатот. Шансата да се замешаме во бробата за повисок пласман треба да ја бараме токму во селекцијата на Египет.

Последниот натпревар во групата го играме во среда против најслабо пласираната селкеција од Б групата Франција.Од она што досега го видовме од Франција е останато само името,според играта далеку се од реномето на францускиот ракомет.Еден од натпреварите на кој може да се надеваме на бодови .

Натпреварите македонскта репрезентација вообичаено ги игра во 21,00 во салата Билјанини Извори .

Не пропуштајте ! ! !     

Мирко Постоловски