Екипите на Црвена Ѕвезда и Наполи ги поделија бодовите во првата рунда од Ц групата ремизирајќи без голови (0-0) во Белград. „Азурите“ ја имаа иницијативата на теренот, а домашните фудбалери оддолеаја на сите напади и со бод го најавија враќањето во европската елита.

  • Неизбежно беше да се случи да нема вистински фудбал во последните 15 минути. Фудбалерите на Црвена Ѕвезда се вистински професионалнци кога се работи за трошење време, а судијата наседна на нивните трикови. Но, тие воопшто не ни се криви за ремито, бидејќи нам задача ни беше да постигнеме погодок и да го отвориме мечот, а не успеавме. – изјави Карло Анчелоти.

Италијанскиот стручњак натпреварот го започна со Инсиње, Милик и Калјехон во навалната линија, а на клупата го остави капитенот Марек Хамшик. – Сакав да пробам со Мертенс и да го тестирам како ќе игра во првото и второто полувреме. Нас не ни беше проблем играчкиот ростер туку бавната игра на средината од теренот. Топката немаше проток, а тоа им одговараше на домашните фудбалери.

Црвена Ѕвезда во втората рунда силите ќе ги одмери со Пари Сент Жермен на гостински терен, додека Наполи на „Сан Паоло“ го пречекува составот на Ливерпул.

OhridNews