Италијанскиот стратег Карло Анчелоти победата против Ливерпул 3-0 ја искористи да ги боцне каталонците пред дербито кое на програмата е в сабота 18ч.


Анчелоти во средината од вториот дел од игра го повлече Кристијано Роналдо и го внесе Кедира вообичаена измена кога тимот има убедлива предност.

– Го заменав Роналдо без да го прашам – рече фудбалскиот стручњак, кој алудираше на случката пред една недела кога Луис Енрике го праша Меси дали да го извади од игра.

„Ел Класико“ како никогаш до сега ќе биде во центарот на јавност. Најскапото засилување на каталонците Луис Суарез ќе дебитира, а Меси може да стане најдобар стрелец во историјата на овие пресметки.

Мх.П.