Никој првак до сега во Лигата на Шампионите не го одбранил трофејот, а така ќе биде и оваа сезона откако Јувентус го елиминираше бранителот на тронот Реал Мадрид во 1/2 финалето.

– Имавме многу шанси, но не бевме прецизни во потребните моменти. Горд сум на моите играчи. Покажавме карактер, одигравме добар натпревар и немам што да им замерам. – рече италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

По завршувањето на сезоната ќе се знае дали Анчелоти и следната ќе биде дел од тимот на Реал Мадрид.

– Уште 15 дена и два натпревари има од завршување на сезоната. Потоа ќе разговарам со управата околу мојата иднина и да бидам искрен незнам дали ќе го водам Реал Мадрид следната сезона. – додаде Италијенeцот.

На Сантијаго Бернабеу еден од најтрофејните тренери во ЛШ пристигна од Пари Сент Жермен, а претходно ги водеше Челси и Милан.

Мх.П.