Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го повтори рекордот во Лигата на шампионите на поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон.

Италијанецот има 102 победи, откако „кралевите“ вечерва го совладаа Селтик со 5:1.

Реал Мадрид заврши на првото место во групата Ф во Лигата на шампионите со 13 бода од 6 натпревари и се пласираше во нокаут фазата на турнирот.

Убедлив триумф на гостувањето кај Шахтјор забележа и Лајпциг (4:0) и тоа е вторито тим кој оди во плејофот од оваа група.

Шахтјор ќе продолжи во плејофот на Лига Европа додека Селтик ги заврши евронастапите оваа сезона.