Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти остана на својот збор по отказот од Реал Мадрид дека ќе паузира одредено време од фудбалот.


Анчелоти ја одби понудата од Милан, а тоа одлуката ја соопшти преку официјалниот профил на социјалните мрежи.

Италијанецот му се заблагодари на клубот со кој стигна до две титули во Лигата на Шампиони и една во Серија А за големата доверба.

„Росонерите“ очајно бараат замена за Филипо Инзаги, кој немаше некој забележителни резултати во дебитанската сезона.

Мх.П.