Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, се договорил со челниците на клубот да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2017 година.

Како што пренесе Marca, договорот ќе биде официјализиран по завршувањето на Светското првенство за клубови кое во Мароко ќе се одржува од 10-ти до 20-ти декември објави „Макфакс“.

Анчелоти на чело на Реал застана во 2013 година, кога пристигна од ПСЖ. Минатата сезона тој ги освои шпанското првенство и Лигата на шампиони.

Италијанскиот стратег во кариерата има две европски титули во Милан, со Челзи ја освои Премиерлигата, а национални титули има и со Милан и ПСЖ.

Ohridnews