Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е фаворит според шпанските медиуми за нов тренер на Реал Мадрид. Тие најавуваат дека ако дојде Италијанецот за помошник ќе го побара еден од најдобрите фудбалери во историјата Зинедин Зидан.

Зидан настапуваше во Реал Мадрид, а сега има функција на спортски директорот, но по доаѓањето на Жозе Мурињо, тој загуби голем дел од обврските бидејќи Португалецот сака да ги држи сите конци во рацете.

Пред неколку денови Анчелоти истакна дека до него сеуште нема стигнато понуда, а ако стигне ќе биде тешко да се одбие.

Претседателот на “кралскиот клуб“, Флорентино Перез полека ги мести коцките за наредната сезона, а тој за добре дојде во клубот на Анчелоти му го подготвува трансферот на Герет Бејл.

Мх.П.