Фудбалерите на Наполи мечевите во Европа на пролет ќе ги продолжат во второто по ранг натпреварување, откако изгубија од Ливерпул (1-0) во мечот кој директно одлучуваше за вториот патник во групата Ц. „Црвените“ на Енфилд благодарение на Мо Салах и голманот Алисон Бекер го совладаа италијанскиот клуб и им се придружија на ПСЖ, кој со триумфот над Црвена Ѕвезда (4-1) ја завери првата позиција.

  • Многу е разочарувачки, но мора да го прифатиме фактот дека отпаднавме. Дадовме се од себе. На шесте мечеви направивме многу повеќе од она што очекувавме. Дојдовме до тој завршен чекор и не успеавме да го направиме. Затое не жалиме за елиминацијата, туку ќе пробаме формата од ЛШ да ја префрлиме во Лигата на Европа и да ги израдуваме нашите навивачи. – изјави италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

Наполи во фазата по групи испадна поради послабата гол разлика, бидејќи со Ливерпул имаше ист скор на бодови, но англичаните имаа постигнато два голови повеќе.

OhridNews