Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти ќе го заземе местото на Пеп Гвардиола откако шпанскиот стратег одлучил да замине од Баерн Минхен.
Германскиот фудбалски гигант му понудил нов уште побогат договор на Гвардиола, но тој сакал да замине бидејќи не се гледа себеси на „Алијанц Арената“.
„Баварците“ со Анчелоти би требало да потпишат двогодишен договор кој моментално паузира од фудбалот по успешната авантура во Реал Мадрид.
Гвардиола тренерската кариера најверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата, а ќе го преземе тимот на Манчестер Сити.
Ohridnews











