Против италијанскиот стратег на клупата од Баерн Минхен, Карло Анчелоти дисциплинската комисија во Бундес лигата отвори постапка за „средниот прст“ кој тренерот му го покажа на навивачите од Херта.
Дисциплинците во Германија на Италијанецот му дадоа три дена рок на траење да образложи зошто така реагирал после завршување на мечот кој заврши без победник (1-1) на Олимпискиот стадион во Берлин.
„Баварците“ после отварањето на постапката се јавија со соопштение во кое стои дека Анчелоти бил испровоциран, односно плукан пред влезот за подтрибинскиот простор.
Баерн Минхен се спаси од пораз во Берлин (видео)
OhridNews