Баерн Минхен сигурно зачекори кон во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони, откако во првиот меч пред своите гледачи со убедливи 5-1 го совлада Арсенал.
„Баварците“ сезонава не импресионираат со својата игра и не победуваат доминатно како порано, но своето право лице го покажаа кога најмногу требаше.
– Ова е најдобриот натпревар во Баерн Минхен откако јас ја презедов екипата. Бевме брзи и компактни и знаевме што сакаме од самиот почеток. Сепак, не е ништо готово и ќе треба да одиграме исто во реваншот за да обезбедиме пласман меѓу најдобрите осум. – рече Карло Анчелоти.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер причината за високиот пораз на Алијанц арената ја побара во повредата на капитенот, Лоран Кошчиелни кој играта ја напушти во првите минути од вториот дел.
– Тешко е да објасниме што ни се случи после првото добро одиграно полувреме. Останавме без Кошчиелни, немавме среќа за вториот гол и потоа се сруши во вода. Не сакам да барам изговори, но таа е реалноста бидејќи со комплетен состав резултатот на семафарот беше изедначен. – изјави Венгер.
ЛШ: Наполи ги разбуди „кралевите“, дебакл на Арсенал на Алијанц арената (видео)
ОhridNews