Со официјализирањето за заминување од Арсенал на Арсен Венгер почнаа шпекулациите околу неговиот наследник, кој ќе има тешка задача да го замени човекот кој го вивна лондонскиот клуб во англиската елита.

Како најреален избор од сите имиња кои се вртат како потенцијални наследници се смета италијанскиот стручњак Карло Анчелоти. Искусниот фудбалски стратег моментално нема ангажман и би требало лесно и брзо да се договори и да се врати во Премиер лигата. Италијанецот со успешност го предводеше Челси до титула во Премиер лигата и ФА Купот, но доби отказ по неуспехот во ЛШ.

Венгер во интервју после објавата за заминувањето од Арсенал за нов стратег го предложи капитенот на „непобедливите“, Патрик Виера. Французинот најдобро ја свати филозофијата на Венгер и низ своите игри во дресот на „топчиите“ ја презентираше. Виера три години е прв тренер во екипата на Њујорк Сити, кој клуб паѓа во сопственост на Манчестер Сити.

Од другите поистакнати имиња се споменуваат Масимилијано Алегри од тимот на Јувентус, поранешниот стратег на Борусија Дортмунд Томаш Тухел и Брендан Роџерс, но Анчелоти и Виера најмногу се издвојуваат.

OhridNews